Фото: Министерство за одбрана на Србија

Српската војска и сили на НАТО ќе одржат заедничка вежба

Командата на здружените сили на НАТО во Неапол објави дека ќе одржи вежба со српската армија во мај. Командата на „Икс“ објави дека вежбата ќе се одржи на покана на Србија, пренесе „Н1“.

„Ја поздравуваме можноста српскиот и сојузничкиот воен персонал да тренира заедно во Србија овој мај. Вежбата ќе се одржи на воениот полигон Боровац во Србија, што српските вооружени сили интензивно го користат за подготовка на единици за меѓународни мисии, вклучително и мировни операции на ОН. Таа активност ќе се спроведе на покана на Србија и со целосно почитување на нејзината декларирана политика на воена неутралност“, објави Командата.

Адмиралот Џорџ Вајкоф, командантот на НАТО, беше во Белград во петокот и се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Вучиќ на социјалните мрежи напиша дека имал „значаен состанок“ со Вајкоф за зајакнување на соработката со НАТО, а воедно и зачувување на воената неутралност на Србија.

Епископ од Босна му додели орден на Вучиќ, па српската влада сега ѝ пушти милион државни евра на неговата епархија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот