Српската полиција не ја прекинува потрагата по осудениот сексуален престапник кој киднапираше девојче
Грозоморен случај со киднапирање на 12-годишно девојче ја тресе Србија. Вчера полицијата и единиците на српската Жандармерија го опколија селото Орешац во потрага го осудуваниот силувач Нинослав Јовановиќ, за кој се смета дека ја киднапирал Моника Каримановиќ (12).
Препорачано
Полицијата цела ноќ трагала по исчезнатата девојка, како и по нејзиниот можен киднапер. Исчезнувањето на Моника е пријавено уште во петокот попладне, но и покрај напорите на полицијата и локалното население, таа се уште не е пронајдена.
Вчера беше објавено дека српското Министерство за внатрешни работи во врска со исчезнувањето на Моника трага по едено лице, за кое се верува дека е осудуваниот педофил и силувач, која јавноста го памети по прекарот Малчанскиот бербер.
Српското МВР вчера објави снимка од засолништето во местото Орешац, за кое се смета дека осомничениот Нинослав Јовановиќ ја користел девојката од Ниш.
Директорот на полицијата Владимир Ребиќ синоќа изјави дека повеќе од повеќе 220 полициски службеници интензивно трагале по Моника. Тој рече дека верува оти полицијата во најбрз можен рок ќе ја пронајде киднапираната Моника.
– Од моментот кога мајка ѝ го пријави нејзиното исчезнување, овој случај е апсолутен приоритет за МВР. Во потрагата се ангажирани припадници на повеќе различни единици, а притоа се искористени сите расположливи ресурси за да се пронајде Моника – истакнал Ребиќ.
Директорот на полицијата исто така рече дека ги посетил родителите на малата Моника, за да ги извести какви чекори преземала полицијата досега.
– На основа на доказите кои ги имаме, сметаме дека извршителот на ова кривично дело е Нинослав Јовановиќ. Постојат докази дека тој украл едно возило во кое полицијата ги пронајде неговите отпечатоци од прсти и трагови кои укажуваат дека со него била и Моника. Утврдивме дека некој период престојувале на ова место во Орешац, додека на друго место го пронајдовме ранецот на девојчето – наведе директорот на полицијата.
Според неговите зборови, полицијата има и изјави на двајца сведоци кои потврдија дека Јовановиќ го виделе со девојчето.
Како што потсетуваат од „Б92“, Нинослав Јовановиќ од 2006 до 2018 година бил во затвор, каде издржувал казна поради сексуални прекршоци, а полицијата само неколку дена по неговото излегување од затвор потвторно го уапсила, бидејќи на социјалните мрежи испраќал пораки со непримерни содржини.
Тој во притвор бил до март оваа година.


