Српската пејачка Инди го избегна најлошото: Имам само една желба… (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Српската пејачка Индира Арадиновиќ – Инди неодамна направи операција за смалување на желудникот, но работите се искомплицираа, па поради тоа настанаа и други операции и подолг престој во болница, од каде сега се огласи.

За сите детали претходно пишуваше и нејзината сестра, популарната пејачка Едита Арадиновиќ.

Фото: Инстаграм

– Имам 33 години и денеска е 33 ден од првата операција и моето мачно лежење во три болници. Имам само една желба. Утре да идам дома, да бидам со мојата мајка и да го продолжиме карантинот. Ви благодарам на вам, луѓе со добро срце, на неизмерната љубов, топлина, прегратки, молитви и зборови кои ми ги испраќате. Ова е доказ дека љубовта и понатаму постои во овој суров свет и сурови луѓе – напишала Инди на Инстаграм.

– Сакајте се и без посебна потреба, смејте се на случајните минувачи на улица, прегрнете ги своите драги личности без причина, онака силно и без срам, хранете ги со овојше, посветете им внимание, бидејќи луѓето кои ги сакаме треба да ги негуваме додека се живи, а не кога се на чекор до смрта. Љубовта победува – додала пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот