Среќен роденден Одри Хепберн: Петте најпознати улоги на модната икона

Фото: IMDB - принтскрин

На денешен ден е родена Одри Хепберн, една од најуспешните актерки на сите времиња. Британката која останува да живее во нашите умови, покрај почесното место во историјата на кинематографија, има место и меѓу најубаво облечените жени во историјата. Таа низ филмските дела постои хибридно и како модна икона, а ова е нашата селекција на пет од нејзините најдобри изведби.

Breakfast at Tiffany’s

Ако го сакате филмот или модата нема како да ја имате промашено Одри во култната улога на Холи Голајтли во „Breakfast an Tiffany’s“. Таа ја толкува улогата на девојка која се дружи со елитните кругови во Њујорк и ужива во забава. Додека копнее за богат сопруг, испаѓа да се заљуби во писател кој се обидува да доживее успех кој воедно е нејзиниот комшија. Децении подоцна, Одри во долг црн фустан со тиара и држач за цигара живеат по поп културата.

ФОТО | Била вљубеник во книжевноста: Ова е омилената книга на Одри Хепберн

Sabrina

Одри глуми ќерка на шофер, која се враќа дома по две долги години во кои пораснала во прекрасна жена. Заплетот се случува кога синот на работодавецот на татко ѝ ќе се вљуби во неа. Филмот е романтична драма и Одри е извондредна во него.

Roman Holiday

Филмот го има лајт мотивот на некоја принцеза која избегала за да си го најде принцот. Одри во ова кинематографско дело ја толкува улогата на принцеза на која ѝ е досадно во нејзиниот луксузен живот и еден ден одлучува да избега. Конечно успева да им избега на чуварите во Рим и се заљубива во американски новинар. Дејството се развива во љубовна приказна.

ФОТО | Најубавите очи на Холивуд се затвориле во силни маки: Два абортуси и тешка болест

Charade

Мистерија во класичниот стил на Алфред Хичкок, филмот е во режија на Стенли Донен. Одри ја толку улогата на вдовица која има наплив на внимание од тројца мажи кои се поврзани со мртвиот сопруг. Овој филм е и комедија и трилер и Одри има освоено номинација на БАФТА наградите и Златните глобуси за нејзината изведба.

My Fair Lady

Кога професор по фонетика, многу сигурен во своите способности ќе прифати предизвик да трансформира пргава девојка од работничката класа во некој кој може да помине како културен член на високото општество, ја запознава Елајза Дулитл-Одри Хепберн. Таа се согласува да му биде дел од експериментот со мислата за подобра работа. Иако постојано се во конфликт, дуото создава врска која е загрозена од додворувач со аристократско потекло.

Одри Хепберн: Овој едноставен специјалитет го јадела еднаш неделно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот