ФОТО | Била вљубеник во книжевноста: Ова е омилената книга на Одри Хепберн

Офри Хепберн, Фото: Профимедиа

Со својата безвременска убавина и шарм, Одри Хепберн (која почина на денешен ден во 1993 година) е запечатена како стилски симбол на 20-тиот век и е несомнено икона на поп-културата.

Актерката, препознатлива по улогите во филмовите „Roman Holiday“ (1953), „Breakfast at Tiffany’s“ (1961 година), „My Fair Lady“ (1964) со својата природа се разликува од другите холивудски диви од средината на минатиот век. Одри Хепберн има репутација на скромност, која се должи на нејзината младост обележана од Втората светска војна, а својата слава најмногу ја користела за да го привлече вниманието на различни хуманитарни кампањи.

Profimedia
Одри Хепберн, Фото: Profimedia

Меѓудругото, била позната и како голем вљубеник во културата и уметноста, а особено во литературата.

Одри Хепберн во многу наврати со задоволство зборувала за книгите што ги чита, а речиси секој пат како своја омилена книга го истакнувала детскиот роман „The Secret Garden“ („Тајната Градина“) на англискиот писател Френсис Хоџсон Барнет. Приказната на романот тече околу запоставено 10-годишно девојче кое открива магична градина скриена на имотот на нејзината тетка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ReadInPink | BOOK LOVER (@readinpink)

Книгата била објавена во 1911 година и постигнала голем успех, благодарение и на одличните илустрации. „The Secret Garden“ е филмувана неколку пати и има посебно место во срцата на многу деца.

ВИДЕО | Предлог воени филмови: Нешто за плачење, нешто за надеж

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот