Средба Јусуфи – Бислими: Косово и Северна Македонија ќе го јакнат партнерството

Амбасадорката на Република Северна Македонија во Косово, Шпреса Јусуфи на денешната средба со потпретседателот на косовската Влада задолжен за евроинтеграции, развој и дијалог, Бесник Бислими, изјави дека „Косово останува значаен партнер на Северна Македонија, како на полето на економијата и трговијата, така и на патот на интеграцијата во Европската Унија”.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во соопштението од кабинетот на Бислими се наведува дека тој нагласил оти ќе се заложи за продолжување на сестраната соработка меѓу двете земји и воедно најавил скорешно одржување заедничка седница на владите на двете држави.

-Вицепремиерот Бислими ѝ се заблагодари на амбасадорката за посетата и нагласи дека Косово ќе работи со истата посветеност на интензивирањето на билатералните односи со Северна Македонија на политички, трговски, економски и културен план. Тој рече дека таа посветеност ќе започне веднаш, со реализацијата на една официјална посета, како и со организирањето, во блиска иднина, на заедничка седница на двете влади, се вели во соопштението.

На средбата, наведува кабинетот на Бислими, се разговарало и за состјбата со пандемијата на Ковид-19 во двете земји и за текот на процесот на вакцинација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот