Србите на Косово со благодарност до Трамп: „Езеро Трамп“ и „Мост Трамп“ на Газивода (ФОТО)

Фото: blic.rs/отстапена фотографија

Србите на северот на Косово и Метохија денеска на Брњачки мост, што ги поврзува Белград и Приштина, и на браната на езерото Газивода поставија големи транспаренти кои му пратија порака со поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп.

Како причина за тоа ги наведоа заложбите на Трамп во борбата за мир и напредок во регионот и неговиот ангажман во дијалогот меѓу Србија и Косово.

Фото: blic.rs

На мостот осамна транспарент со порака на англиски „Претседателе Трамп, косовските Срби ви се благодарни на тоа што носите мир“.

Пораката на браната на езерото Газивода, пак, гласи „Езеро Трамп“.

Фото: blic.rs/отстапена фотографија

Една од точките на договорот што делегациите на Белград и на Приштина неодамна го потпишаа во Вашингтон се однесува токмну на езерото Газивода.

Страните потписнички на документот се обврзаа со Департманот за енергетика и другите одговарачки ентитети во Владата на САД да работат на студија за изводливост во насока на заедничко користење на езерото Газивода како извор за снабдување со вода и енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот