Србија ја совлада Словенија на гости и со една нога е на СП
Ракометната репрезентација на Србија оствари голема победа од 31:34 на гости против Словенија и направи голем исчекор кон обезбедување на пласман на Светското првенство што ќе се игра идната година.
Препорачано
Србите во најголем дел од натпреварот беа во водство, во првиот дел предноста беше 1-2 гола се до последните три минути кога со серија 0:4 дојдоа до 16:20, резултат со кој се замина од одмор. Во второто полувреме предноста се зголеми и на плус седум (19:26), но Србите за разлика од Македонија, успеаја да ја зачуваат предноста и на крајот да слават со 31:34.
Петар Ѓорѓиќ со осум гола беше најпрецизен во редовите на Србија, додека Лазар Кукиќ даде шест гола. Кај Словенците најрасположени за игра беа Деан Бомбач со осум и Мачковшек и Јанц кои дадоа по седум гола.
Селекциите на Исланд и на Хрватска ја оправдаа фаворитската улога и славеа на гости против Астрија (30:34) односно Финска (21:34), како и Германија која на домашенн терен со 34:26 ги совлада Ф. Острови. Грција беше подобра од Црна Гора со 25:23.
Резлтати:
Австрија – Исланд 30:34
Финска – Хрватска 21:34
Израел – Унгарија 32:33
Грција – Црна Гора 25:23
Германија – Ф. Острови 34:26
Словенија – Србија 31:34
Чешка – МАКЕДОНИЈА 24:24


