СРАМНО: Кошаркарски тренер во Австрија удри противнички играч! (ВИДЕО)

фото: твитер

Италијанскиот тренер Приула наместо да му честита на ривалот и им биде пример на помладите, ги шокираше сите на паркетот.

Непримерни сцени ни доаѓаат од Австрија, поточно од втората кошаркарска лига на таа земја.

Наместо да им биде пример на помладите и биде вистински педагог во намерата како да се помириме со поразот, италијанскиот стратег Флавио Приула одлучи да го направи најнепосакуваното.

После завршувањето на натпреварот 24-годишниот Марко Солдо почна да слави со кренати раце, па случајно налета на Приула кој наместо да му честита на ривалот, ги шокираше присутните удирајќи го со нога.

Кошаркарот падна на паркетот, се пожали на повреда, а останатите веднаш реагираа смирувајќи ја ситуацијата.

Екипата на Солдо, Матерсбург Рокс славеше на гостувањето кај Рајфејсен Фурстенфелд Пантерс со резултат 91:88.

Првите луѓе на лигата донесоа одлука Приула да биде суспендиран на три месеци и воедно да плати парична казна од 2500 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот