Споредбата со Тачи и навредите за неговата ќерка го налутија Вучиќ: „Албин Курти е идиот“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за германскиот „Der Spiegel“, го нарече „идиот“ кандидатот за премиер на Косово, Албин Курти.

Запрашан од „Spiegel“ да ги коментира ставовите на Курти, поради тоа што тој сега ќе има поостри ставови во однос на Србија и дали некогаш се сретнал со него, Вучиќ кажа дека еднаш Курти ја има навредено неговата малолетна ќерка.

– Тој еднаш ја има навредено мојата ќерка поради тоа што рече дека сака да ѝ најде некој Албанец за да се омажи со неа. Јас нему му реков: Биди покултурен, идиоту – изјавил Вучиќ, а пренесуваат косовските медиуми.

Тие откриваат и која всушност била изјавата на Курти што го налутила Вучиќ. Тој направил споредба помеѓу претседателот на Србија, и претседателот на Косово, Хашим Тачи.

– Се работи за двајца автократи, за Тачи во Косово и Вучиќ во Србија, кои ги третираат својите земји како сопствени домови, што не би требало да биде така. Два автократа се договараат на феудален начин, не враќаат во средниот век, каде што кралевите се договараа за териториите на своите држави, остана само синот на Тачи да се ожени со ќерката на Вучиќ и ќе бидеме точно како пред четри, пет векови – изјавил Курти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот