Според „златниот пресек“: Ема Стоун е прогласена за најубава жена на светот
Иако често се вели дека убавината е во окото на оној што гледа, науката има нешто поинаков одговор. Според најновото истражување, спроведено со помош на древната грчка метода наречена „златен пресек“, познатата актерка Ема Стоун е прогласена за најубава жена на светот.
Препорачано
Што претставува златниот пресек?
Оваа престижна титула се доделува според грчката метода „златен пресек“, која ја проценува убавината на лицето преку совршени пропорции во однос 1:1,618. Се земаат предвид растојанијата од врвот на носот до усните, обликот на веѓите, големината на челото и полнотата на долната усна.
Истражувањето го спровел докторот Џулијан Де Силва, директор на Центарот за напредна естетска и пластична хирургија на лице.
Тој го објаснил научниот процес: „Современите техники на компјутерско мапирање ни овозможуваат да ги откриеме тајните на физичката убавина, а технологијата е од голема корист и при планирање на естетски операции кај пациентите“.

Зошто токму Ема Стоун?
Иако претходно оваа титула ѝ припаѓаше на актерката Џоди Комер, новата анализа покажала дека оскаровката Ема Стоун има лице најблиску до совршенството.
„Ема Стоун беше апсолутен победник – постигна највисоки оценки за веѓите (94,2 отсто), како и високи резултати во сите останати категории“, изјавил Де Силва.
Тој додал: „Нејзината линија на вилица е речиси совршена – 97 отсто, а усните ѝ се идеално пропорционални со 95,6 отсто. Победи благодарение на својата конзистентна извонредност во сите елементи на златниот пресек“.

Кои други се на листата?
Холивуд очигледно останува центар на убавината, бидејќи најголемиот дел од првите десет позиции ги заземаат познати актерки:
- Ема Стоун
- Зендаја
- Фрида Пинто
- Ванеса Кирби
- Џена Ортега
- Оливија Родриго
- Марго Роби
- Ајшварија Рај Бачан
- Танг Веи
- Бијонсе
А најубавите мажи?
Истото истражување минатата година го откри и списокот на најубави мажи во светот. Титулата ја доби актерот Арон Тејлор-Џонсон, а во првите три се најдоа и Лусиен Лавискаунт и Пол Мескал.
„Арон беше јасен победник кога сите елементи на лицето се измерија за физичко совршенство. Со резултат од 93,04 отсто лесно би можел да биде најзгодниот Џејмс Бонд во историјата, доколку ја добие улогата како што се очекува“, изјавил Де Силва.


