Според Столтенберг, нема промени во руските нуклеарни сили

Јенс Столтенберг / Фото: EPA-EFE/SEAN GALLUP / POOL

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг истакна дека Алијансата не открила никакви промени во руските нуклеарни сили и не гледа причина да ги преиспита сопствените нуклеарни сили.

„Не видовме никакви промени во нивните нуклеарни сили што би не поттикнале да ги промениме нашите сили и начинот на кој тие се распоредени. Досега не видовме ништо што го бара тоа од наша страна“, рече Столтенберг на конференција во Норвешка, пишува „Скај њуз“.

НАТО во март ја критикуваше Русија за нејзината „опасна и неодговорна“ нуклеарна реторика, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека планира да стационира тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот