Споменикот на ОНА е дивоградба, но такви се и сите споменици на плоштадот во Скопје, вели Пендаровски

Фото: Општина Липково

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва во „Само интервју“ на Канал 5 рече дека споменикот посветен на ОНА во Слупчане е дивоградба, но и дека комисија на претходната влада на Зоран Заев, составена од експерти и урбанисти, утврдила оти над 90 отсто од спомениците и сето она што е изградено во Скопје како дел од проектот „Скопје 2014“, исто така се дивоградби.

„Во март 2002 година е донесен Законот за амнестија. Дел и од бранителите и од УЧК го забораваат тој момент. Во првиот член на Законот се вели амнестија за сите ученици во конфликтот. УЧК тогаш е изедначена со бранителите. Ако не беше изедначена, немаше да биде ДУИ како политички субјект. Сега истите овие што креваат галама околу споменикот, сакам да ги прашам бевте ли вие господа на власт со Али Ахмети во овие 20 години еден период барем? Али Ахмети бил во Влада со вас, затоа што беше амнестиран“, рече Пендаровски за поставувањето на спомен-кулата на УЧК во село Слупчане.

„Тоа што кулата нема добиено потврда од Собранието за споменици, тоа кажува дека објектот е дивоградба, исто како што се дивоградби околу 90% од спомениците на плоштад. Што е тргнато од тоа? Ништо. Ако го тргнеме ова од Слупчане, дај да ги тргнеме и овие од плоштад. Дајте да постапуваме и да го измениме Законот. Споменикот на Никола Карев пред Собранието исто така е дивоградба, пред таква институција“, рече Пендаровски.

Аналитичари: Лидерска за да се договори националната стратегија за надворешната политика

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот