„Сподели заедништво“ – Фејсбук иницијатива на Љупчо Николовски

Иницијативата на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, која ја почна на Фејсбук преку својот профил, почна да се шири. Иницијативата има за идеја да ги зближи на социјалните мрежи граѓаните на Македонија од сите етнички заедници преку уметност, преку песна, преку различностите во фолклорот и традицијата.

Ставањето на етничките заедници исклучиво во политички контекст од нас прави проценти и бројки. Тоа ми пречи бидејќи нашето мултикултурно општество е непроценливо богатство кое не смее да се сведе на проста математика.Затоа одлучив да ја почнам оваа иницијатива која има за цел да не зближи но не преку политика туку преку она што било и ќе остане после нас, а тоа е уметноста.Јас во ова видео издвоив албанска староградска серенада која потекнува од градот Корча. Оваа песна е дел од колективниот идентитет на нашите сограѓани Албанци и слушајќи ја се чувствувам поблизок со нив.Со цел понатамошно продолжување на иницијативата го повикувам мојот другар Edmond Ademi да издвои автор или дело кое е дел од колективниот идентитет на некоја од заедниците кои живеат во нашата држава и да ја предаде оваа штафета на зближувањето на некој свој пријател.Ги повикувам и сите граѓани да се приклучат и да споделуваат уметност која ќе не доближи до културата на нашите сограѓани со цел да изградиме вистинско единство и љубов кое наместо на проценти ќе лежи на трајни вредности.

Publiée par Ljupcho Nikolovski sur Vendredi 13 décembre 2019

 

– Ставањето на етничките заедници исклучиво во политички контекст од нас прави проценти и бројки. Тоа ми пречи бидејќи нашето мултикултурно општество е непроценливо богатство кое не смее да се сведе на проста математика.

Затоа одлучив да ја почнам оваа иницијатива која има за цел да не зближи но не преку политика туку преку она што било и ќе остане после нас, а тоа е уметноста. Јас во ова видео издвоив албанска староградска серенада која потекнува од градот Корча. Оваа песна е дел од колективниот идентитет на нашите сограѓани Албанци и слушајќи ја се чувствувам поблизок со нив.

Со цел понатамошно продолжување на иницијативата го повикувам мојот другар Едмон Адеми да издвои автор или дело кое е дел од колективниот идентитет на некоја од заедниците кои живеат во нашата држава и да ја предаде оваа штафета на зближувањето на некој свој пријател.

Ги повикувам и сите граѓани да се приклучат и да споделуваат уметност која ќе не доближи до културата на нашите сограѓани со цел да изградиме вистинско единство и љубов кое наместо на проценти ќе лежи на трајни вредности. Граѓаните уште еднаш покажуваат дека различностите и уметноста се нашето богатство и она што нè зближува. Да се приклучиме – повикува Љупчо Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот