Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Спектакл во Будимпешта: ПСЖ и Арсенал за титулата во Лигата на шампионите

Денеска со почеток од 18.00 часот во Будимпешта, Унгарија, ќе се игра финалето на Лигата на шампионите помеѓу фудбалерите на Пари Сен Жермен и Арсенал.

Според последните информации, ПСЖ е тимот кој е мал фаворит за освојување на титулата во вечерашниот натпревар. Секако, „топџиите“ нема да се предадат без борба и сигурно ќе направат сè што можат за да го освојат трофејот.

Екипата на ПСЖ е таа што го брани трофејот од Лигата на шампионите откако минатата година го победи Интер во финалето на ова натпреварување. Од друга страна, Арсенал беше елиминиран во полуфиналето на Лигата на шампионите минатата година, и тоа токму на екипата на ПСЖ која подоцна отиде до крај во ова натпреварување.

Па и Арсенал сака некаков вид одмазда вечерва бидејќи многумина веруваат дека Англичаните не заслужија да бидат елиминирани минатата година. По 22 години чекање, Арсенал стигна до трофејот од Премиер лигата оваа година, а вечерва сака да ја освои Лигата на шампионите за прв пат во историјата на клубот.

Она што е малку впечатливо е терминот од 18.00 часот, што е доста невообичаено за финале на Лигата на шампионите.

УЕФА соопшти дека причината за промената е да се подобри искуството на денот на натпреварот за навивачите, правејќи го натпреварот подостапен за помладата публика и меѓународните гледачи.

– Финалето на Лигата на шампионите е најважниот настан во сезоната, а новиот почеток на натпреварот ќе го направи уште подостапен, инклузивен и влијателен за сите вклучени – објасни првиот човек на европскиот фудбал, Александер Чеферин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот