Спасувачите кои ја барале подморницата на Оушнгејт слушнале необичен звук

Подморница Титан на Оушнгејт / Фото: Ocean Gate / Handout / AFP / Profimedia

Видео од документарниот филм на Ченел 5, Катастрофата на подморницата Титан: Минута во минута го вклучува морничавиот звук на тропање што го слушнале спасувачите за време на потрагата по подморницата Титан.

Звукот на тропање ги натерал спасувачите погрешно да поверуваат дека луѓето во подморницата се уште се живи откако Титан изгубил контакт со површината.

Аудио снимката, која досега не беше објавена во јавноста, им беше дадена на продуцентите на филмот од тимот на канадските воздухопловни сили кои ја предводеа мисијата за пребарување и спасување на петте луѓе во подморницата, која исчезна на 18 јуни 2023 година, пишува Форбс. Подморницата беше пуштена тој ден околу 8 часот наутро во Атлантскиот Океан, 400 наутички милји од брегот на Њуфаундленд, Канада. На тоа место се наоѓа потонатиот брод Титаник.

Документарецот ќе биде објавен во јуни на годишнината од трагедијата во Атлантскиот Океан. Филмот прикажува детали од операцијата за пребарување вредна повеќе од милион долари.

Документарецот прашува што може да се научи од оваа катастрофа. Во филмот се појавуваат и експерти кои го дале своето мислење за тоа што се случило за време на претресот и каков звук се слушнал. За време на потрагата, некои експерти предупредија дека звукот што го слушнале спасувачите најверојатно не е доказ дека луѓето во подморницата се живи.

Потрагата траела четири дена, а извештаите дека спасувачите слушнале звук на тропање додека ја барале подморницата, се појавиле на вториот ден од потрагата. Канадските воздухопловни сили изјавија за Ченел 5 дека удирањето се слушало од првиот ден и секој пат кога потрагата продолжувала.

Официјален претставник на американската морнарица за време на потрагата по Титан изјави за Си-Би-Ес њуз дека анализата на звуците на ударот утврдила дека најверојатно станува збор за бучава од океанот или звуци кои доаѓаат од други бродови за пребарување.

Крис Пари, поранешен адмирал на британската кралска морнарица, изјави за ТВ Толк дека звуците можеле да доаѓаат од потонатиот брод Титаник.

Поранешниот капетан на подморницата на морнарицата Тајан Ремзи во филмот вели дека звукот бил ритмичен.

„Може да звучи како некој да тропа. Регуларноста на тие отчукувања е многу необична. Ритмичка е, како некој да испушта звук. Фактот дека звукот се повторува е навистина необичен”, коментира Ремзи.

Звукот првпат бил снимен на 20 јуни околу 23:30 часот, по што американската морнарица потврдила дека ги детектирала звуците и следното утро. Џејми Фредерик, капетан на крајбрежната стража, изјави дека тогаш не знаеле што е тоа. „Да бидам искрен со вас, не знаеме“, рече тој.

Џејми Прингл од Универзитетот Кил верува дека звуците потекнуваат од човечката активност. Тој вели дека океанот е многу бучно место со бродови, подморници, како и бродови за пребарување.

Метју Шанк, основач на организацијата за поморско пребарување и спасување Марсар Интернешонал, исто така мисли дека звукот доаѓа од луѓето.

„Може да има повеќе извори на бучава, дното на океанот е бучна средина. Мислам дека звукот можеше да биде предизвикан од остатоци од Титан, но можеше да дојде и од Титаник ако морските струи носеа метални делови од бродот наоколу“, рече Шанк.

Професорот по морска роботика на Универзитетот во Сиднеј, Стефан Б. Вилијам, вели дека звукот би можел да го предизвикаат морски животни, како што се китовите.

Еден час и 45 минути откако Титан паднал во океанот, изгубил контакт со мајчиниот брод Полар Принс на Оушнгејт, во чија сопственост е подморницата, биле потребни осум часа за да го пријави исчезнатиот Титан до американската крајбрежна стража. После тоа започна акцијата за пребарување и спасување на петте патници.

Бродови од целиот свет тргнаа во потрага, а имаше надеж дека патниците ќе бидат спасени пред да останат без воздух во подморницата. Но, подоцна беше објавено дека пет лица во подморницата најверојатно загинале. Исто така, беше објавено дека системот за надзор на американската морнарица го забележал можниот звук на имплозија веќе при почетното спуштање. Иако официјалните лица брзо објавија дека се стравува дека загинале пет патници, потрагата продолжила.

Во близина на местото на потонувањето на Титаник на 22 јуни беа откриени остатоци од подморницата. 10 дена по исчезнувањето, крајбрежната стража објави дека во остатоците од подморницата се пронајдени човечки останки. Оушнгејт, со седиште во Вашингтон, беше затворен за време на потрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот