Спасовски: Управувањето со миграциите не е управување со бројки, туку работа со луѓе

Гостување на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во „Утрински печат“ / Фото: Драган Митрески

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објава на Фејсбук за прашањето на управување со миграциите посочува дека Преспа форумот за дијалог ќе биде добра можност да се споделат мислења на оваа тема која има влијание врз сите земји во светот.

– Управувањето со миграциите не значи управување со бројки, туку работа со луѓе. Од друга страна пак, една од главните форми на управување со миграциите значи и почитување на нашите закони, бидејќи сите нелегални обиди за влегување во земјата мора и ќе бидат процесирани согласно сите правила и регулативи, со правни процедури кои се правични за сите засегнати страни – вели Спасовски во видеообјава на Фејсбук.

Тој додава дека државата сериозно го сфаќа прашањето на управување со миграците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот