Оливер Спасовски / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Спасовски тврди дека никогаш не се јавил да спречи контрола во дискотеката „Пулс“

„Најостро ги демантирам лагите и манипулациите коишто ВМРО-ДПМНЕ ги пласира. Ги отфрлам како целосни невистини. Ова е класичен пример за очајна манипулација, вели поранешниот министер за внатрешни работи.

Поранешниот министер за внатрешни работи , Оливер Спасовски, ги негира обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека додека бил министер го штител нелегалното работење на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде се случи трагедијата кога во пожар на 16 март загинаа 62 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредни.

„Најостро ги демантирам лагите и манипулациите коишто ВМРО-ДПМНЕ ги пласира. Ги отфрлам како целосни невистини. Ова е класичен пример за очајна манипулација. Никогаш, ниту во еден момент, не сум се јавил за да спречам контрола, напротив, фактот што контроли имало насекаде е најсилна потврда дека ниту сум влијаел, ниту постои било каков обид за тоа“, вели Спасовски во објава на Фејсбук.

Овие лаги што ги шири власта, вели тој, се очаен обид на ВМРО-ДПМНЕ за последна злоупотреба на трагедијата во Кочани за политички цели.

Тие, како што додава тој, доаѓаат во момент кога јавноста веќе знае дека токму нивни функционери, од сите ешалони на власта, биле директно инволвирани во случајот „Пулс“ а сега се заштитени.

„Сакам да им порачам дека со спинови и лаги не може да се побегне од фактот дека власта ја попречува правдата за трагедијата во Кочани“, порача поранешниот министер за внатрешни работи.

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција праша, дали поранешниот прв човек на МВР Оливер Спасовски се јавувал во СВР Штип и барал да се р’же на полицијата во Кочани за спас на газдата на дискотеката „Пулс“ .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот