Спасовски: Намален бројот на разбојништва и бегства од затвор откако МВР го обезбедува влезот во Идризово

Затворот во Идризово, Фото: МИА

Ситуацијата во Затворот Идризово е целосно под контрола, а откако Министерството за внатрешни работи го обезбедува влезот драстично е намален бројот на разбојништва во околината на општина Гази Баба, но и во Скопје, изјави министерот Оливер Спасовски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Спасовски денеска појасни дека работат заедно според оперативен план со службата на Затворот и со Армијата, откако се намали кадарот на полициските службеници.

Под контрола е се она што е под надлежност на МВР, односно влезовите. Се што влегува е контролирано на високо ниво. Од моментот на кризната состојба, откако постапуваме во „Идризово“ драстично се намали бројот на извршување на разбојништва и на кражби на територијата и на општина Гази Баба, но и на територијата на градот Скопје што укажува на аномалиите кои ние претходно ги утврдувавме, со нелегално излегување на лица од затворот, појаснува министерот.

Тој додаде дека полицијата останува во затворот се додека има потреба, бидејќи, како што вели, се работи за безбедност, а институцијата мора да биде под целосна контрола за да бидат безбедни граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот