Спасовски ќе поддржи да се вратат парите на граѓаните кои ги дадоа за пасоши со „Северна“

Дали е можно да се дојде до решение, да им бидат вратени парите на граѓаните кои ги дадоа за пасоши со „Северна“? Ова прашање подолго време е актуелно но дали идната власт ќе го спроведе овој план, останува да видиме. Народниот правобранител од поодамна го искажа овој став, но ова беше став и на опозицијата, која сега се спрема да формира влада.

Екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на прашањето дали ќе им бидат вратени пари на граѓаните за менувањето на пасоши со новото име, одговори дека би поддржал таква одлука ако се донесе во новата влада.

„Тој став на Народниот правобранител е одамна искажан, и ако се сеќаваме и опозицијата го делеше тој став, па еве мегдан сега. Ако се договорат, тогаш јас таа одлука да им бидат вратени пари на граѓаните за пасошите, ќе ја поддржам“, кажа Спасовски во емисијата „КликПлус“ на ТВ 21.

За овој план, претходно зборуваше и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Пред три месеци, најавите на власта беа дека размислува да ги врати парите на граѓаните кои ги потрошиле за нови, а имале важечки лични документи.

„Со новиот премиер, на првата седница веднаш се формираше работна група за да се изнајдат решенија. Решенија за кои што има неколку сценарија од можноста државата да компензира за тие кои што имаат важечки пасош а заради Договорот мора да ги сменат, до можноста за реорганизирање на службите. Денеска имаше прв состанок на таа работна група“, изјави Османи во февруари оваа година. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот