СП во ракомет: Хрватска загуби од Јапонија и во втората фаза оди без бодови

Ракометарките на Хрватска загубија од Јапонија/ фото: EPA-EFE/Domenech Castello

Вечерва заврши првата фаза на Светското првенство за ракометарки во групите Е,Ф,Г и Х, и селекцијата на Хрватска и покрај поразот од Јапонија со 28:26, обезбеди пласман во втората рунда.

Во втората – главна рунда на СП кое се игра во Шпанија се формирани две групу. Во првата се наоѓаат Германија и Данска кои носат четири бода, Унгарија и Јужна Кореја со два бода, а Чешка и Конго немаат бодови.

Во втората група се: Шпанија и Бразил со по четири бода, Јапонија и Аргентина со по два бода, Хрватска и Австрија не носат бодови.

Ракометарките на Хрватска по поразот од Бразил го совладаа Камерун и вечерва во директен дуел со Јапонија одлучуваа кој ќе носи два бода во втората – главна рунда на СП. Првото полувреме заврши нерешено 14:14, а во вториот дел Хрватска дојде до предност од 20:23, но потоа застана. Кризата на Хрватките ја искористија Јапонките да направат пресврт и да дојдат до триумф од 28:26.

Најдобри кај Јапонија беа Кахо Накајама со девет гола и Јуми Каихара со четир гола. На спротивната страна најефикасни беа Лариса Кааус со шест, Ана Турк со пет, Катарина Језиќ и Ана Дебелиќ со четири гола.
Останатите учесници на втората-главна рунда на СП ќе бидат познати по одигрување на утрешните наптревари.

Резултати:
Група Е
Чешка – Словачка 24:23
Германија – Унгарија 25:24
Табела: Германија 6, Унгарија 4, Чешка 2, Словачка 0.

Група Ф
Тунис – Конго 24:33
Данска – Јужна Кореја 35:23
Табела: Данска 6, Јужна Кореја 4, Конго 2, Тунис 0.

Група Г
Бразил – Парагвај 33:19
Хрватска – Јапонија 26:28
Табела: Бразил 6, Јапонија 4, Хрватска 2, Парагвај 0.

Група Х
Аргентина – Кина 36:24
Шпанија – Австрија 31:19
Табела: Шпанија 6, Аргентина 4, Австрија 2, Кина 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот