Совршена јахта како спој на луксузот и авантурите

Со оглед на тоа дека јахтите обично се синоним за луксузни патувања, новата креација на компанијата Oceanco е како создадена за авантури…

Сто и пет метри долгата Oceanco Ecpedition Yacht, засега на база на концепт, ги спојува во себе погодностите на префинета суперјахта, со елементите на експедициски брод.

Благодарение на револуцинерниот компактен дизел-електричен систем на пропулзија, таа има неверојатен опсег од 7.000 наутички милји, брзина на крстарење од 13 јазли и максимална брзина од 16,5 јазли, што и дава можност да ве одведе до сите неистражени места на нашата планета.

Нејзиниот труп има Polar класификација за ледени авантури, како и динамичен систем за позиционирање, што ја елиминира потребата за сидро. За навистина да му биде верна на своето име, оваа јахта е дизајнирана така што со себе може да понесе две подморници, хеликоптер и мотори. Таа содржи и истражувачка лабораторија, затворен базен и велнес катче со неверојатен панорамски поглед, камин, мастер апартман и фантастична ложа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот