Совршен пијалак за пушачите: Ги чисти белите дробови и ги намалува штетните ефекти

Unsplash
Фото: Unsplash

Сите знаеме дека пушењето е една од најлошите и најштетните навики што човек може да ги има, од причина може да има штетни ефекти врз секој орган во човечкото тело. Можеме да наведеме некои здравствени состојби, како што се: бронхитис и астма, исто така поврзани со пушењето.

Некои медицински експерти препорачуваат дека би требало да го консумирате овој природен домашен пијалак за да ги намалите нуспојавите од пушењето. Овој домашен природен пијалак за чистење на белите дробови е особено корисен за луѓето кои пушат повеќе од 5 години.

Домашен природен пијалак за чистење на белите дробови:

Состојки:

– 2 лажички куркума
– 1 мало парче корен од ѓумбир
– 2 литри вода
– 400 грама лук, исчистен и исечен на четвртинки
– 400 грама шеќер, бел или кафеав

Упатства:

Прво, треба да сипете вода во сад со средна големина и да ја ставите да зоврие. Потоа треба да додадете шеќер. Кога водата ќе зоврие, додадете ги останатите состојки. Оставете да врие 5 минути, а потоа тргнете од ринглата и оставете да се излади на собна температура. Оваа смеса чувајте ја во фрижидер.

Како да се користи:

Некои медицински експерти препорачуваат да го консумирате овој природен домашен пијалак за да ги намалите несаканите ефекти од пушењето. Треба да земете 2 лажички од пијалакот за чистење на белите дробови наутро на празен стомак и 2 лажички навечер, по последниот оброк.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот