15 C
Скопје

Советот за безбедност на ООН денес разгледува извештај за работата на УНМИК

Денес Советот за безбедност на ООН ќе го разгледа новиот шестмесечен извештај за работата на мисијата на ООН на Косово (УНМИК), а на видео-сесијата ќе учествува и шефот на српската дипломатија, Никола Селаковиќ.

Извештајот на генералниот секретар на ООН за работата на УНМИК опфаќа период од 16 септември 2020 година до 15 март 2021 година, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.

Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш оцени дека трајниот мир, стабилноста и социо-економскиот развој на Косово и регионот зависат од одржлив напредок во дијалогот насочен кон нормализирање на односите на Приштина со Белград.

Во новиот шестмесечен извештај за работата на мисијата на УНМИК, на кој денес беа на дневен ред седниците на Советот за безбедност на ООН, Гутереш истакна дека напредокот во дијалогот, исто така, останува клучен за европските аспирации и на Косово и на Србија.

„Иако ги поздравувам јасните изјави на двете страни за важноста за унапредување на дијалогот, ја подвлекувам важноста на вистинската посветеност за продолжување на разговорите на високо ниво во рамките на дијалогот Белград-Приштина со поддршка од ЕУ во многу блиска иднина“, рече Гутереш во извештајот.

Претходната седница на Советот за безбедност на ООН, на која беше разгледан шестмесечниот извештај за работата на УНМИК, се одржа на 21 октомври минатата година, преку видео врска.

Извор: Бета

Поврзани вести

Демократите победија на изборите во Херцег Нови, партијата на Ѓукановиќ доби само 6 места

Слободен печат

ВИДЕО | Необично грабнување во Татарстан: Украле авион, се урнаа неколку минути по полетувањето и загинаа

Слободен печат

ВИДЕО: Шпанците излегоа на улиците за да го прослават укинувањето на карантинот – шест месеци беа заклучени

Слободен печат

Медиумски фонд, со пари од медицинскиот канабис!

Љубиша Николовски

ВИДЕО: Непоканет гостин му ја украде славата на министерот додека даваше изјава

Слободен печат

Индија мака мачи со пандемијата, регрутира поранешен воен медицински персонал

Слободен печат

Остави Коментар