Совети од Клиника „Жан Митрев“: Сè што треба да знаете за проблемот со полицистични јајници

Д-р Ирена Андонова
Д-р Ирена Андонова - специјалист по гинекологија и акушерство / Фото: Промо

Точната причина за синдромот на полицистични јајници е непозната. Раната дијагноза и терапија заедно со регулирање на телесната тежината може да го намалат ризикот од долгорочни компликации какви што се дијабетес тип 2 и срцеви заболувања.

Синдромот на полицистични јајници (PCOS polycystic ovarian syndrome) е гинеколошко хормонално заболување, кое се јавува кај жените во репродуктивна возраст. Жените со овој синдром често имаат ретки или продолжени менструации, имаат високи нивоа на машки хормони (андрогени) и често јајниците имаат голем број мали цисти до 10 mm (фоликули) кои не успеваат да ги ослободат јајце-клетките во средината на менструалниот циклус. Симптомите на PCOS често се појавуваат во адолесценцијата, но понекогаш PCOS се развива подоцна, на пример како резултат на значително зголемување на телесната тежина.

Симптомите на PCOS може да варираат, но најчесто се следниве:

Нередовни менструации – ретки, неправилни или продолжени менструални циклуси се најчестиот знак на PCOS.
Вишок андроген – влакна на лицето и телото (хирзутизам), а понекогаш акни и ќелавост од машки тип.
Полицистични јајници – Јајниците може да бидат зголемени, со голем број неруптурирани фоликули, односно јајниците не функционираат нормално. Знаците и симптомите на PCOS обично се манифестираат во потешка форма доколку имате прекумерна тежина.

Причини

Точната причина за PCOS е непозната. Фактори што се идентификувани дека можат да играат улога се: Вишок на инсулин. Инсулинот е хормон произведен во панкреасот, кој им овозможува на клетките да користат шеќер. Ако вашите клетки станат отпорни на дејството на инсулинот, тогаш нивото на шеќер во крвта се зголемува и вашето тело произведува повеќе инсулин. Вишокот на инсулин може да го зголеми производството на андрогени, предизвикувајќи тешкотии со овулацијата; Хронично ниско ниво на инфламација. Овој термин се користи за да се опише производството на инфламаторни маркери што ги стимулира полицистичните јајници да произведуваат андрогени, што може да доведе до проблеми со срцето и крвните садови; Наследност. Истражувањата сугерираат дека одредени гени може да се поврзани со PCOS; Вишок андроген. Јајниците произведуваат високи нивоа на андрогени, што резултира со хирзутизам и акни.

Фото: Промо

Компликации

Неплодност; гестациски дијабетес или висок крвен притисок; спонтан абортус или предвремено породување; метаболен синдром – група на состојби вклучувајќи висок крвен притисок, висок шеќер во крвта и абнормални нивоа на холестерол или триглицериди, кои значително го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести; дијабетес тип 2 или преддијабетес; депресија, анксиозност и нарушувања во исхраната; абнормално крварење од матката; рак на слузницата на матката (рак на ендометриумот).

Терапијата за PCOS се фокусира на индивидуалните проблеми и потреби, какви што се неплодност, хирзутизам, акни или дебелина.

Промени на животниот стил

Намалување на телесната тежина преку нискокалорична диета во комбинација со умерени активности за вежбање. Губењето тежина, исто така, може да ја зголеми ефикасноста на лековите за PCOS и може да помогне при неплодност.

Освен терапијата препишана од лекар, за да ги намалите ефектите од PCOS, обидете се:

– Да ја регулирате својата тежина. Губењето на тежината може да го намали нивото на инсулин и андрогени и може да ја врати овулацијата.
– Да го ограничите внесот на јаглехидратите.
– Да бидете активни. Вежбањето помага да се намали нивото на шеќер во крвта. Ако имате PCOS, зголемувањето на вашата дневна активност може да ја третира, па дури и да спречи резистенција на инсулин.

Тимот на Клиничката болница „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете го вашиот преглед или навремена консултација на 02/3091-484.

* Комерцијален ПР текст.

Видео на денот