Совети од гинеколозите: Како побргу да забремените?

Забременувањето не е секогаш лесно и брзо, но благодарение на овие совети, би можеле побргу да забремените.

Статистиката покажува дека на 84 отсто од жените им е потребна околу една година за да забременат од моментот кога ќе почнат да се обидуваат да забременат, а 92 отсто успеваат да забременат, откако ќе почнат да се обидуваат, за две години.

Иако е можно на некои жени да им треба повеќе време од другите, препорачливо е да се посети гинеколог за да бидете сигурни дека немате проблеми со неплодност откако една година неуспешно ќе се обидувате да забремените. Најпосле, помладите жени обично се повеќе плодни и многу помалку време им треба за да забременат: ако имате меѓу 20 и 30 години во просек ви се потребни  4-5 месеци; ако имате меѓу 30 и 35 години, во просек се потребни 7-10 месеци; ако имате над 35 години – можеби ќе треба да се обидувате повеќе од една година (сепак, статистиката е прилично смирувачка дури и за оние над 35 години, бидејќи 65-70% успеваат да забременат за помалку од една година).

За побргу да забремените, следете ги овие „златни“ совети од гинеколозите.

Започнете здрава и урамнотежена диета

Доколку сакате да ги зголемите шансите за брзо забременување, неопходно е да водите здрав начин на живот: мора да бидете во врвна форма, а тоа може да се постигне само преку урамнотежена диета и редовно вежбање. Јадете свежо овошје и зеленчук во најразлични  бои (ова е мал трик за да бидете сигурни дека ги вклучувате сите витамини и минерали што ви се потребни). Така, може да јадете по желба: боровинки, малини, црвени пиперки, домати, зелен лиснат зеленчук и така натаму. Обидете се и да јадете храна богата со цинк, како што се остригите, и храна богата со фолна киселина, како брокула и спанаќ. Конзумирајте млечни производи, но внимавајте да ги балансирате со посно месо и риба. Основниот принцип на добро балансирана диета е да се обидеме да извлечеме полза од сите различни видови храна.

Прочитајте и...  Ѕвездата на Дизни зад решетки: Го претепала момчето!

Земете додатоци и витамини

За да се подготви за зачнување на вашето тело му се потребни одредени хранливи материи. Еве список на сите витамини што треба редовно да ги земате (а, кои треба да продолжите да ги земате и за време на бременоста): Витамин Е, цинк, пантотенска киселина, калиум, витамин А., витамин Ц., витамин Д., тијамин, рибофлавин и ниацин.

Корегирајте ја телесната тежина

Прекумерната тежина може значително да ги намали шансите за забременување. Затоа, ако сакате да имате бебе, треба да се стремите да ја постигнете вашата идеална тежина: идеален индекс на телесна маса (BMI) е од 20 до 25. Покрај тоа, да се има прекумерна тежина за време на бременоста може да предизвика компликации затоа што идната мајка може да страда од хипертензија и дијабетес. Посетете го вашиот лекар за да откриете дали телесната тежина ви го отежнува зачнувањето. Можеби ќе треба да изгубите или да додадете на себе неколку килограми.

Намалете го алкохологт и цигарите

Алкохолот и пушењето се лошите навики од кои ќе мора да се откажете или да ги сведете на минимум за да ги зголемите вашите шанси да забремените. Пиењето чаша вино во текот на неделата е во ред: студиите покажуваат дека ако сакате да забремените може да конзумирате до две чаши вино неделено бидејќи тоа не ја загрозува плодноста на жената. Меѓутоа, ако сакате да бидете сигурни дека правите сè што можете за да забремените, најдобро е да се откажете од алкохолот целосно. Истото важи и за вашиот партнер бидејќи алкохолот исто така може да наштети на квалитетот на спермата. Пушењето треба да биде целосно забрането и за вас и за него: тутунот е директно поврзан со нискиот степен на плодност и кај жените и кај мажите.

Прочитајте и...  Храна што ви ја „краде“ енергијата: Обрнете внимание на начинот на кој се храните

Пијте помалку кафе

Научните студии покажаа дека жените со проблеми со неплодност кои пијат повеќе од четири кафиња на ден ги намалуваат своите шанси за зачнување за 26%, (сепак, овие студии се однесуваат само на жени со проблеми со неплодност). Ако тоа не е ваш случај, немате причина да се чувствувате виновни за пиењето кафе за појадок. Во секој случај, секогаш е подобро да не се претерува со кофеин.

Имајте редовен секс

Колку често треба да имате секс? Според истражувањето спроведено од „First Response“, двојка мора да има секс без заштита во просек 104 пати пред жената да забремени. Препорачливо е да имате секс два или три пати неделно, секоја недела. На пазарот веќе постојат повеќе видови календари за овулации кои ќе ви помогнат да сфатите кои денови треба да овулатирате, иако многу парови ги сметаат овие помагала за стресни, бидејќи се чувствуваат присилени да имаат секс во однапред определено време. Може да пробате да користите лубрикант кој дава поголема виталност на спермата. Не заборавајте исто така, дека по сексот, треба да останете во кревет, можеби во положба на фетус – тоа може да го охрабрат оплодувањето.

Конторлирајте го циклусот и овулацијата

Лекарите тврдат дека жената има поголема веројатноста да забремени ако има сексуални односи еден ден или два дена после овулацијата, која се јавува приближно две недели по првиот ден од вашиот циклус. Додека спермата може да биде „стара“ до 7 дена, јајце-клетките имаат многу пократок живот: од моментот кога ќе бидат ослободени, тие се плодни само од 12 до 24 часа. Затоа, идеално би било да имате повеќе секс во овој период од месецот.

Прочитајте и...  Мајка Далтон: Украинка (51) ископала тунел за да го извади синот од затвор, но и таа завршила зад решетки! (ВИДЕО)

Охрабрете го вашиот партнер да биде фит

Здравјето на вашиот партнер е подеднакво важно како и вашето: ако спермата е со добар квалитет, вашите шанси за забременување се многу големи. Вашиот партнер, исто како и вие, треба да се обиде да следи урамнотежена исхрана, вежбање и да ја достигне здрава телесна тежина. Добро е и да го зголемите внесот на храна богата со витамин Ц и витамин Е. Стресот може да го оштети производството на сперма. Затоа, ако вашиот партнер е вознемирен или е под стрес, треба да закаже посета на лекар за да го реши овој проблем или да пронајде друг излез за „празнење“ од стрес.

Заштитете се и вие од стрес

Постојаните обиди за забременување можат да станат стресни. Ако вие и вашиот партнер започнете да чувствувате дека сте под притисок, работите може само да се влошат. Чувството на спокојство е исто толку важно како здравата исхрана или непушењето. Студијата спроведена од Универзитетот Оксфорд потврди дека жените кои се жртви на стрес се 12% помалку плодни за време на овулацијата. Резултатите од оваа студија исто така покажаа дека одредени техники за релаксација, како јога и медитација, навистина можат да помогнат. Па, зошто да не се обидете да присуствувате на часови по јога или да започнете да медитирате неколку минути секој ден? Дозволете си топла бања или забавувајте се со пријателите – тоа може да помогне во борбата против стресот. Продолжете редовно да имате секс со партнерот: може да откриете дека сте бремени веднаш штом ќе пронајдете начин да се ослободите од стресот!

 

Прочитај повеќе

Неодолива и на високи температури: Баклава со афион

Слободен печат

Ѕвездата на Дизни зад решетки: Го претепала момчето!

Слободен печат

Зорица Петрова, прва жена машиновозач во Македонија: Квалитетите на поединецот треба да бидат критериум за вработување

Јасмина Кантарџиева Димков

Кралицата Елизабета ѝ го честита роденденот на Меган Маркл

Слободен печат

Храна што ви ја „краде“ енергијата: Обрнете внимание на начинот на кој се храните

Слободен печат

Дали коронавирусот предизвикува стерилитет и дали мажите се позагрозени од жените?

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Бекамови ги разлутија соседите: Ги молат да престанат со преправање на имотот

Слободен печат

Хороскоп за 4 август: На Овните една порака ќе им го разубави денот, Рибите ќе добијат важна понуда

Слободен печат

Виц на денот – Црногорски вирус

Слободен печат

Мајка Далтон: Украинка (51) ископала тунел за да го извади синот од затвор, но и таа завршила зад решетки! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Ова е тајната на нејзината убавина: Манекенката Катарина Ивановска без проблем сподели ваква фотка! (ФОТО)

Васко Спасоски

Славната Тони Брекстон (52) младоликиот изглед го должи на вибратор: Детално објасни како го користи! (ВИДЕО)

Васко Спасоски