Сосопственичката на „Мис Универзум“ осудена на две години затвор поради измама
Ко-сопственичката на организацијата Мис Универзум, Јакапонг „Ана“ Јакрајутатип, е осудена на две години затвор без можност за условна казна, откако судот во Тајланд ја прогласи за виновна за измама, пренесува „Пипл“.
Препорачано
Основачката на „JKN Global Group“, компанија која е ко-сопственик на престижниот меѓународен избор за убавина, е осудена за измама поврзана со корпоративна обврзница во вредност од околу 951.927 долари. Пресудата ја изрече Јужниот суд во Бангкок во петокот, 26 декември.
Според извештаите, Џакрајутатип не се појавила на судското рочиште и во моментов се смета дека е во бегство, поради што е издаден налог за нејзино апсење.
View this post on Instagram
Обвинувања за лажно претставување и прикривање факти
Случајот бил започнат од Равиват Машамадол, пластичен хирург кој ја обвинил Џакрајутатип дека во периодот од 24 јули до 8 август 2023 година му презентирала лажни информации и прикрила важни факти за финансиската состојба на компанијата, со цел да го убеди да вложува во обврзници на „JKN Global Group“.
Судот утврдил дека обвинетите биле свесни за сериозните финансиски проблеми на компанијата и дека нема да можат да ја вратат инвестицијата, нанесувајќи значителна финансиска штета на тужителот.
Бегство и меѓународни истраги
Џакрајутатип претходно била пуштена со кауција, но подоцна не се појавила на суд, поради што тајландските судски власти ја прогласиле за ризик од бегство. Локални медиуми кон крајот на ноември објавија дека таа наводно избегала во Мексико.
Во меѓувреме, „Associated Press“ извести дека банкарските сметки во Мексико на Раул Роча, претседател и ко-сопственик на „Мис Универзум“, биле замрзнати како дел од посебна криминална истрага. Роча е под истрага за сомнежи за организиран криминал, вклучувајќи кражба на гориво, трговија со дрога и оружје.
Од Судовите на правдата на Тајланд засега нема официјален коментар за случајот.
ФОТО+ВИДЕО | Фатима Бош e новата Мис Универзум: Убавицата триумфираше и покрај скандалот во Тајланд


