Сопственикот на Интер Мајами ја откри платата на Меси, а планот започнал пред скоро четири години

Фото: EPA-EFE/MARK CRISTINO

Сопственикот на Интер Мајами, Хорхе Мас откри дека Лионел Меси во САД ќе заработува помеѓу 50-60 милиони евра, а според неговите најави Аргентинецот ќе ги следи стапките на Дејвид Бекам и Мајкл Џордан.

Кога стана јасно дека ќе го напушти Пари Сен Жермен каде што во две години не ги исполни очекувањата на навивачите, Меси доби супер богата понуда од Саудиска Арабија, но сепак се одлучи за финаниски помалата од Интер Мајами.

Но, Хорхе Мас откри и дека нивниот план за доведување на Меси не започнал сега, туку во 2019-та година.

„Планот за да го доведеме Лионел Меси започна уште во 2019. година. Со него можеме да ја трансформираме целата лига, сигурно дека сега вниманието на фудбалската јавност ќе биде многу поголемо. Очекувам да остави голема трага, а кога ќе се пензионира ќе има акции во клубот“, изјави Мас.

Според Мас, Меси ќе тргне по стапките на Џордан и Бекам, па по завршувањето на кариерата ќе има свој клуб. Додека го носи дресот на Интер Мајами неговата плата ќе биде помеѓу 50 и 60 милиони евра, а клубот ќе ја исплаќа во соработка со гигантот „Ејпл“ кој бил клучен фактор во трансферот.

Меси има договор со „Ејпл“ да добива процент од продажбата на тв правата и онлајн претплатите, исто така со „Адидас“ потпиша договор според кој добива процент од продажбата на неговите дресови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот