Сопругот на Драгана Мирковиќ љуби 15 години помлада жена: Се запознале на концерт на пејачката

Фото: Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Српската пејачка Драгана Мирковиќ (56) е во центарот на вниманието откако објави дека се разведува од сопругот Тони Бијелиќ (51) по 24 години брак.

Пејачката веќе поднела барање за развод, а како што дознава српски „Блиц“, Тони има нова девојка со која живее во Германија, која е 15 години помлада од него.

Според извор за „Блиц“, двајцата уживаат во љубовта и не се грижат за туѓите коментари.

„Тони не е со Драгана три години, ја запозна оваа девојка, навистина се заљуби. Таа е 15 години помлада од него, тој целосно ја засака. Поради неа дури се пресели и во Германија“, изјавил изворот за „Блиц“.

Според гласините, таа девојка не е единствената на која Тони се додворувал. Се погласни се приказните во градот дека Тони флертувал и со други девојки на настапите на Драгана Мирковиќ и се обидувал да воспостави контакт со нив.

Според изворот, Драгана го забележала сето тоа, особено неговата незаинтересираност.

„Сето ова Драгана донекаде го насети, но не беше сигурна дека нешто навистина се случува. Па, тие беа во брак 24 години, сè беше одлично и прекрасно и сега одеднаш ова. Не можеше повеќе да издржи и поднесе барање за развод. Не ѝ беше лесно, но најдобро е“, заклучил изворот за „Блиц“.

Инаку, Драгана објасни сè во соопштението до јавноста. Таа изјави дека чувствува обврска да сподели информации за нејзиниот развод. Пејачката откри дека таа и нејзиниот сопруг не живеат заедно три години и дека се обидувала да го спаси бракот, но дека на крајот заклучила дека тоа не е можно.

Нови детали за разводот на Драгана Мирковиќ: Три години не живеат заедно, а нејзиниот сопруг веќе има нова девојка во Германија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот