Нови детали за разводот на Драгана Мирковиќ: Три години не живеат заедно, а нејзиниот сопруг веќе има нова девојка во Германија

Фото: Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Откако Драгана Мирковиќ (56) објави дека се разведува од сопругот Тони Бијелиќ (51), извори блиски до пејачката открија за „Блиц“ дека нејзиниот поранешен сопруг веќе има нова девојка со која живее во Германија.

„Изминатиот период беше многу тежок за Драгана. Се појавија приказни дека Тони има нова партнерка, но таа не сакаше да слушне ништо за тоа. Цели три години криеше од јавноста дека се разделени. Во декември, кога почина мајката на Тони и беше особено тешко, како поради загубата, така и поради нивната врска, која не се промени ниту по трагедијата. Во последнава година, таа буквално стискаше заби поради него, а бидејќи не можеше повеќе – реши на сите да им признае каква е состојбата“, раскажа изворот.

Гласините за развод почнаа да кружат кога пејачката престана да се појавува на аеродром со сопругот и семејниот возач. Минатиот месец, Мирковиќ одржа концерт во белградската Арена. Бијелиќ присуствуваше на настанот, но не се фотографираше со пејачката, што предизвика сомнеж кај јавноста.

Да потсетиме, Драгана Мирковиќ изјави дека чувствува обврска да сподели информации за нејзиниот развод. Пејачката откри дека таа и нејзиниот сопруг не живеат заедно три години и дека се обидувала да го спаси бракот, но дека на крајот заклучила дека тоа не е можно.

„Мојот однос со Тони веќе подолг период не е како што беше, и практично водиме одвоени животи и не живееме под ист покрив три години. И покрај сите непомирливи разлики, за доброто на моето семејство и затоа што така бев воспитана, направив сѐ за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Но, со текот на времето тој јаз стана сѐ поголем и сфатив дека повеќе им нанесувам штета на моите сакани со тоа што насилно останувам во нешто што долго време не функционира“, изјави Мирковиќ во својата официјална изјава и додаде дека секогаш ќе има почит кон својот, сега веќе поранешен, сопруг, како кон таткото на нејзините деца и кон личноста со која поминала многу убави години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот