Сопругот на Бритни Спирс: Не ја контролирам ни вечерата, а камоли неа

Сопругот на поп-принцезата Бритни Спирс, Сем Асгари одлучи да ги искоментира гласините дека ја контролира пејачката откако таа накратко исчезна од социјалната мрежа Инстаграм.
Спирс има армија на обожаватели, а токму тие се заслужни за нејзиното ослободување од 13-годишното легалното старателство на нејзиниот татко Џејми Спирс, кое му беше дадено од судот во 2008 година. Вакво старателство се добива кога некоја личност се смета за непогодна за носење важни лични и финансиски одлуки и секоја промена мора да биде одобрена од судот.
Сега нејзините обожаватели се сомневаат дека Спирс е контролирана од страна на нејзиниот сопруг. Како одговор на нивните сомневања, Асгари изјави дека нема никаква контрола врз неа.
„Јас не го ни контролирам тоа што ќе го имаме за вечера. Во минатото имаше сѐ и сешто. Тие само се однесуваат заштитнички и, ако ништо друго, тоа значи дека Бритни има одлични обожаватели“, изјави тој за „Ти-ем-зи“.
View this post on Instagram
Пејачката неодамна направи мала пауза од социјалните мрежи, а на нејзините обожаватели им го привлече вниманието тоа дека баш во тој период Асгари напиша дека „социјалните мрежи можат да бидат трауматични“.
„Добро е понекогаш да се одмори. Бритни има свој глас и е слободна жена, а јас ја почитувам нејзината приватност и ја штитам во секое време”, изјави тогаш Сем.
Бритни потоа набргу се врати на Инстаграм, но на нејзините обожаватели им беше чудно тоа што нејзините објави повеќе не беа контроверзни и провокативни како претходно.
View this post on Instagram