СОПРУГ ОД „СОНИШТАТА“: Ѝ дал смртоносна доза морфиум на својата жена

Швеѓанец е осуден на 18 месеци казна затвор, за убиство на својата тешко болна сопруга, на која и дал смртоносна доза морфиум.

Судот во Аргенманленд, околу 450 километри северно од Стокхолм, го земал како олеснителна околност фактот што жената сама сакала да умре.

Нејзиниот сопруг, 63, од селото Нордингр, не ја коментирал пресудата, но планира да ангажира адвокат.

Судијката Лена Валгрен на судењето истакнала дека убиството со предумисла е кривично дело, дури и кога жртвата сама се согласила на тоа, за разлика од подпомогнато самоубиство.

Злосторството, што се случи во март, не може да се смета за потпомогнато самоубиство, затоа што сопругот дејствувал независно и активно, стои во одлуката на судот.

За убиство без предумисла во Шведска се казнува помеѓу шест и десет години казна затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот