Сообраќајка кај булеварот „АСНОМ“ во Скопје, повредени три лица

Полиција/ фото: МВР

Вчера околу 10.25 часот во Скопје на крстосницата од булеварот „АСНОМ“ и сервисна улица кон хотел во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „фолксваген транспортер“, управувано од М.П.(34) од Скопје, и возило „сузуки балено“ управувано од Ј.Ј.(47) од с.Петровец,Скопско.

По незгодата, Ј.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била констатирана тешка телесна повреда, додека на возачот М.П. и неговиот сопатник Љ.П.(60) од Скопје во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ од доктор им биле констатирани повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот