Масуд Пезешкијан / Фото EPA-EFE/STR

„Сонот дека ќе се предадеме ќе си го однесе во гроб“: Иранскиот претседател му одговори на Трамп

Масуд Пезешкијан им се извини на соседните земји за нападите што се случија во последните денови и порача дека веќе нема да бидат цели на напади, освен ако нападите врз Иран не се извршат од нивна територија.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран никогаш нема да се предаде, додека судирите со Израел продолжуваат со размена на напади, а иранската армија возвраќа со напади врз неколку земји од Персискиот Залив, објавија светските медиуми.

Пезешкијан реагираше откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација нема да преговара со Техеран без, како што рече, „безусловно предавање“.

Во телевизиско обраќање на државната телевизија, Пезешкијан ги отфрли таквите барања.

„Тој ќе ги понесе соништата за нашето безусловно предавање во својот гроб“, рече тој.

Откако врховниот лидер Али Хамнеи беше убиен пред една недела, власта во Иран привремено ја презеде тричлено раководство кое ќе управува со земјата додека не се избере неговиот наследник.

Во тој совет се претседателот Пезешкијан, кој се смета за поумерен политичар, потоа претседателот на судството и тврдокорен конзервативец Голамхосеин Мохсени Еџеи и високиот свештеник Алиреза Арафи.

Пежешкијан, исто така, рече дека привременото раководство на Иран вчера одлучило дека соседните земји повеќе нема да бидат цели на напади, освен ако нападите врз Иран не се извршат од нивна територија.

Како што објавија иранските медиуми, претседателот им се извини на соседните земји за нападите што се случија во последните денови.

 

Трамп пресече: Нема договор со Иран, освен безусловно предавање

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот