Сончево и топло за велигденските и првомајските празници

Фото: Профимедиа

Максималната температура наместа ќе достигне и до 30 степени.

Сончево и топло време ќе преовладува за време на претстојните велигденски и првомајски празници. Максималната температура наместа ќе достигне и до 30 степени.

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.

Попладне, претежно на истокот ќе има услови за појава на краткотрајна изолирана нестабилност. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура до 8 степени и максимална температура до 29 степени.

Топлото време ќе се задржи до понеделник. Во сабота од крајот на денот и преку ноќта кон недела во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот