Билал Касами и Алби Ќамили / Фото: Фејсбук

Сојузот на борците реагира: Касами врши етничка мајоризација во Тетово со заменикот-Албанец

Откако тетовскиот градоначалник Биљал Касами вчера соопшти дека има заменик-градоначалник, 27-годишниот Алби Ќамили, денес се огласи тетовскиот огранок на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи. Оттаму остро реагираат против етничката мајоризација на Општина Тетово и обвинуваат дека Македонците и другите помали народи се континуирано дискриминирани и оддалечувани од процесот на носење на одлуки.

„Иако до пред извесно време Билал Касами тропаше на сите врати барајќи глас, говорејќи македонски јазик и ветувајќи нов пристап, токму на негов предлог е избран заменик-градоначалник Албанец без дополнително образложение. Прашуваме која квалификација му недостасува да речеме на д-р Бранислав Светозаревиќ (советник од ВМРО-ДПМНЕ, н.з.) да врши должност заменик-градоначалник? Зошто нужните коалиции на централно ниво, не се пресликуваат со принципиелна претставеност и на локално ниво? Исто така, реагираме и на програмата за одбележување на месецот ноември, кога поради денот на албанското знаме и денот на албанската азбука се трошат јавни пари и ресурси, а се заборава на македонскиот јазик, па сите објави во врска со тоа се исклучиво на албански јазик“, велат од Сојузот на борците од НОВ.

„Во текот на месец ноември се одбележува и Денот на ослободувањето на Тетово – 19 Ноември, а тој е игнориран од Општина Тетово, која е за некого мајка, а за некого маќеа. Тука упатуваме критика и до советниците во Советот кои молчат за ваквото елактантно дискриминирање. Доколку почетокот Ви е молчење, како ли ќе биде крајот на мандатот?“, додаваат оттаму.

Касами назначи заменик, има 27 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот