Билал Касами и Алби Ќамили / Фото: Фејсбук

Касами назначи заменик, има 27 години

Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, на денешната прес-конференција го претстави неговиот заменик Алби Ќамили. Касами појасни дека функцијата заменик-градоначалник постои во Статутот на Општината, но досега не била активирана.

„Имајќи предвид дека јас сум ангажиран и надвор од функцијата градоначалник во политичкиот дел, ова ќе придонесе да нема застој во активностите во рамките на Општина Тетово и услугата за нашите граѓани да биде беспрекорна. Оваа одлука е во согласност со Законот за локална самоуправа и Статутот на Општина Тетово, каде што се предвидува дека во отсуство на градоначалникот до шест месеци, тој определува еден член на Советот кој ќе го заменува. За време на замената, градоначалникот го известува Советот дека одреден советник го заменува на функцијата градоначалник, а во тој период функцијата на советникот ќе биде во мирување сѐ додека не се врати градоначалникот“, изјави Касами.

Алби Ќамили има 27 години и е советник од редовите на БЕСА, а беше носител на листата на „Вреди“ на последните локални избори. Касами нагласи дека со тоа што го назначува младиот Ќамили за негов заменик испраќа порака до младите дека им верува и ги охрабрува да преземат одговорност.

Ќамили, како што рече Касами, дипломирал дипломатија, а сега следи мастер програма по уставно право.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот