Сојот омикрон засега го нема во Македонија, но тропа на врата

Луѓе и лекари за време корона со маски пред болница осми септември (18)
Градска општа болница 8ми Септевмри, Скопје / Фото: Слободен Печат - Драган Митрески

Омикрон не е тестирана варијанта во ИЈЗ. При секвенционирањето на 48 материјали во изминатиот месец, кај сите беше присутен сојот делта. Овој месец ќе се секвенционира сојот омикрон – вели епидемиологот од ИЈЗ, доктор Драган Кочински.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) уште го нема регистрирано сојот омикрон во земјава. Примероци се испраќаат на испитување, но секвенционирањето трае две недели.

– Омикрон не е тестирана варијанта во ИЈЗ. При секвенционирањето на 48 материјали во изминатиот месец, кај сите беше присутен сојот делта. Овој месец ќе се секвенционира омикрон варијантата – вели епидемиологот од ИЈЗ, доктор Драган Кочински.

Сојот омикрон галопира во Европа, а во регионот го има во Хрватска и во Грција. Според СЗО, мутацијата омикрон може да ја намали неутрализирачката активност на антителата, што доведува до намалена имунолошка заштита. Поради тоа оваа варијанта брзо се шири и во земјите со висок процент на вакцинирана популација.

Техничката службеничка во регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Михаела Хегерман Линдеркрон, вели дека Европскиот регион е „епицентар на пандемијата последните недели“.

– Последните 7 дена има 29 илјади нови смртни случаи во Европскиот регион. Има остар пораст на стапките на инфекција и на смртните случаи, но во многу земји се зарамнува кривата. Ова се должи на делта сојот кој е многу пренослив, како и на тоа што има многу невакцинирани лица подложни на вирусот, а и во регионот луѓето сѐ повеќе се мешаат. Со доаѓањето на зимскиот период, луѓето сè повеќе се во затворен простор. Населението се опушти и не се придржуваат до мерките. Уште не знаеме за тежината на болеста и за тоа колку вакцините се ефективни против оваа варијанта, но наредните недели ќе имаме повеќе информации – рече Хегерман Линдеркрон.

Сè поизвесно е дека за заштита од сојот омикрон на коронавирусот, граѓаните ќе треба да примат три наместо досегашните задолжителни две дози вакцина. Ова го најави првиот човек на „Бионтек“, Угур Сахин, по најновите истражувања на фајзеровата вакцина.

Ихор Перехинетс, технички советник за здравствена сигурност во регионалната канцеларија на СЗО, вели дека СЗО со мерките се обидува да ги намали ефектите на пандемијата за да може болниците да имаат доволно слободни кревети.

– Јавните и социјални мерки се важни и ако добро се применуваат, ќе може да избегнеме ограничување на движењето. Се приближуваат празниците и луѓето ќе сакаат да патуваат, па добро е да се запазат мерките за ублажување на ширењето и како да се однесуваме доколку се соберат повеќе луѓе на едно место. Ги следиме здравствените и социјални мерки во сите земји – рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот