Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Соиграч на Левандовски открива анегдота со голгетерот: Не му се веруваше дека имам 17 години

Младиот стопер на Барселона, Пау Кубарси, откри интересна анегдота од своите први денови во сениорскиот тим кога Роберт Левандовски не можел да поверува дека има само 17 години.

Неговиот премин од „Ла Масија“ во првиот состав се случи навистина брзо, дебитираше во јануари 2024 година, во меч од Купот на Шпанија, само неколку дена пред да го прослави 17. роденден.

Само три дена подоцна веќе беше стартер во Ла Лига, против Реал Бетис, прикажувајќи издание кое делуваше зрело и сигурно, како да има далеку поголемо искуство зад себе.
Токму тогаш следувал и моментот што денес го раскажува со насмевка.

„Ден по мојот прв натпревар како стартер, Чави пред сите ми го честиташе роденденот. Потоа ми пријде Левандовски и ме праша: ‘Навистина имаш 17 години?’. Не можеше да поверува. Веројатно сè уште имав детско лице“, изјави Кубарси во интервју за „Л’Eкип“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот