Собраните даноци ја преполниле државната каса: Повеќе пари имало отколку пред пандемијата

Фото: Janusz Pieńkowski / Alamy / Alamy / Profimedia

Во државната каса имало дури за 8,87 проценти повеќе даночни приходи (данок на личен доход, данок на додадена вредност и данок на добивка) реализирани во текот на минатата година во однос на 2019 година кога немаше пандемија, објави на социјалните мрежи директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Вкупните даночни приходи во 2021 година се 86,6 милијарди денари, или околу 1,4 милијарди евра. Особено е изразен растот на ДДВ, дури за 11,78 проценти во однос на собраните пари во предпандемиската година. Повисока наплата има и кај данокот на личен доход, за 9,87 проценти, а намален е данокот на добивка за 5,91 процент.

Кога резултатот е подобар во однос на периодот пред пандемијата, очекувано, уште подобар е ако се спореди наплатата на даноците со 2020 година. Така, наплатата на ДДВ во 2021 година е зголемена за дури 24,1 процент во однос на 2020 година.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, на новогодишниот брифинг со новинарите објасни дека драстичниот раст на наплатата на ДДВ делумно се должи на економскиот раст, а делумно на инфлацијата.

Во 2021 година, во однос на 2020 година има и раст на прилив на данок од личен доход за 10,35 проценти, како и на данок на добивка за 3,57 проценти.

Фото: УЈП

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот