Собраниски репертоар со Буџетски совет и шест комисии: Расправа и за вредноста на бодот за пресметка на плати на собраниските службеници

Собрание на РСМ/Фото: МИА

Во законодавниот дом денеска ќе заседаваат Буџетскиот совет и шест собраниски комисии.

Буџетскиот совет на Собранието треба да расправа за Предлог-одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на плати на собраниските службеници за 2021 година. На дневен ред ќе биде и Предлог-одлуката за начинот на утврдување на платите на вработените во Службата на Собранието кои вршат помошно-технички работи и немаат статус на административни службеници.

Спроведувањето на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието и препораките на ГРЕКО во однос на Упатството за примена на Кодексот, се на дневен ред на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност треба да расправаат за предлозите за изменување на законите за оружје, за прекршоците против јавниот ред и за безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Комисијата за финансирање и буџет ќе го разгледува Предлог законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, по скратена постапка, предложен од група пратеници.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправа за Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на ЈРП „Македонска Радио Телевизија“ за 2020 година, за Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба и за предлог измените на Законот за јавна чистота.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања, пак, се Предлог финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за 2021 година и Предлог-одлуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на нејзиното работење.

Во Собранието за денеска се закажани и две седници на Законодавно-правната комисија на кои треба да бидат разгледани десеттина предлози за изменување и дополнувања на закони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот