Собранието ги усвои предлог заклучоците од СДСМ и ДУИ за францускиот предлог

Седница на собранието / Фото: Слободен печат

Собранието со 68 гласа „за” ги усвои предлог заклучоците поднесени од СДСМ и ДУИ по расправата за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија, предложена од страна на француското Претседателство со Советот на ЕУ.

Со усвоените предлог заклучоци и се даваат насоки на Владата за што може да преговара со Европската унија.

Со заклучоците се бара безусловно почитување на јазичните, идентитетските, културните и историските особености на македонскиот народ. Се задолжува владата во преговарачката рамка македонскиот јазик да биде наведен без какви било дадовки и фусности и во текот на преговоирите, владата да не прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во преговарачката рамка.

На гласањето не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, а денешната седница ја следеше и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот