Со заедничко делување ќе се подобри состојбата во туризмот и угостителството

– Целите на заедничката соработка се јасно прецизирани во насока на продлабочување на взаемните заложби за унапредување на состојбите во секторите туризам и угостителство, вели потпретседателот на ТУК, Ангеловски.

Туристичко угостителската комора при Сојуз на стопански комори на Македонија и СУТКОЗ-Синдикатот на работниците од угостителството и туризмот при Сојуз на синдикати на Македонија потпишаа договор со кој се предвидува создавање платформа за заедничко делување. Договорот го потпишаа потпретседателот на ТУК, Мартин Ангеловски и  потпретседателот на СУТКОЗ, Саше Бајчевски.

Потпретседателот на ТУК, Ангеловски рече дека целите на заедничката соработка се јасно прецизирани во насока на продлабочување на взаемните заложби за унапредување на состојбите во секторите туризам и угостителство.

„Заедно ќе делуваме за имплементација на практики за изнаоѓање на квалитетни решенија, градење на социјална кохезија и владеење на правото. Она што е од особен интерес е и размена на искуства и најдобри практики, како и учество во настани и активности од заеднички интерес.

Регионалниот претседател за туризам и угостителство, Охрид при СУТКОЗ, Стефчо Маслов,  посочи дека соработката ќе вроди со крупни позитивни промени и ќе биде пример за успешност, препознаен и вреднуван од надлежните институции.

Заедничките заложби на потписниците на договорот ќе бидат насочени кон почитување на меѓународните стандарди во секторот со крајна цел зголемување на стандардот на вработените и заеднички економски просперитет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот