Со воден дрон и три нуркачки тима се бара исчезнатиот во вештачкото езеро Глажња

Фото: Нуркачки центар „Амфора“

Со воден дрон попладнево ќе се бара 30 годишникот Ф.Р. кој исчезна во водите на езерото Глажња. На терен денеска се три нуркачки тима на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ кои денеска продолжија со потрагата.

-Видливоста е многу мала, околу 40-тина сантиметри што го отежнува нуркањето и пребарувањето. Воедно, самиот терен е многу кос, стрмен што дополнително го отежнува пребарувањето на теренот, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Во потрагата вклучени биле и екипи од Дирекцијата за заштита и спасување кои со чамец вршеле пребарување на брегот на езерото.

Ангелов посочи дека доколку потрагата не даде резултати, рано наутро со дополнителни тимови нуркачи ќе се продолжи пребарувањето.

Исчезнувањето на Ф.Р. (30) од селото Никуштак било пријавено во ПС Матејче вчера околу 15.30 часот, бидејќи не се вратил подолг период откако влегол да се капе во вештачкото езеро на браната Глажња на оддалеченост од 1.5 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот