Со уметност против корона: Ентони Хопкинс компонираше валцер, а сега покажа и како слика (ФОТО+ВИДЕО)

instagram

Легендарниот актер Ентони Хопкинс (82) не губи време во изолацијата и тотално и се посвети на уметноста.

Како на музичката, така и на ликовната.

Да се потсетиме, пред неколку дена тој на клавир во друштво на мачката Нибло отсвири нешто за сите.

– Нилбо се грижи да останам здрав и бара да го забавувам за возврат…мачки, напиша Ентони Хопкинс.

Потоа тој покажа и како слика.

– Здраво на сите. Ви благодарам на великодушните коментари, добрите желби. Како што гледате, јас сум во изолација. Имам 82 години и правам многу работи. Меѓу останатото и сликам. За жал, мојот мачор Нибло не ја оправдува оваа работа. Веројатно мисли дека е подобар сликар од мене, изјави славниот уметник и ги покажа своите слики.

Со својата нова снимка воодушеви многу свои фанови и пријатели.

– „Биди добро , Тони. Продолжи да не инспирираш“, му напиша колегата Енди Гарсија.

View this post on Instagram

Day 10 of self-imposed quarantine…??‍♂️?

A post shared by Anthony Hopkins (@anthonyhopkins) on

Да се потсетиме, сер Ентони Хопкинс своевремено компонираше и свој валцер под називот „And The Waltz Goes On”, кој во Виена со својот оркестар го изведе познатиот холандски виолинист и диригент Андре Риеу.

Погледнете…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот