Со Тамара ни се разделија патиштата: Ивона Јо ја отвори душата
Ивона Јо отворено проговори за својот однос со пејачката Тамара Волческа, со која некогаш беа многу блиски и живееја заедно.
Препорачано
Иако денес секоја чекори по својот пат, Ивона со голема почит и емоција се присети на годините поминати заедно, опишувајќи ја нивната поранешна блискост како период на длабока меѓусебна поврзаност.
На прашањето во емисијата „Равенка за успех“ за тоа како гледа на изјавите на Тамара, која неодамна ѝ ја честиташе свршувачката, Ивона истакна дека луѓето секогаш ќе зборуваат, но дека најважен е внатрешниот мир.
„Сфатив дека дали ќе носиш црно или бело, дали ќе стоиш на раце или на нозе, луѓето секако ќе зборуваат. Што побрзо ги оттурнеш мислењата на луѓето од твојот живот, толку посреќен ќе бидеш“, вели Ивона.
Таа не крие дека Тамара зазема посебно место во нејзината животна приказна и го опиша нивниот однос како период во кој биле неразделни, споделувајќи интимни и значајни моменти што ги обликувале како личности.
„Тамара беше и остана во моето срце човек, људина која беше присутна добри три години во мојот живот. Споделувавме прекрасни моменти, ми беше голема поддршка во периодот додека течеше животот за нас двете“, искрена е пејачката.
За тоа што всушност довело до крај на нивното заедничко патување, Ивона објаснува дека станува збор за природен процес на созревање и промена на животните приоритети.
„Во моментот кога патиштата ни се разделија, како што милува и таа да каже, едноставно одлучивме тоа да биде тоа. Јас да продолжам по мојот пат, таа по нејзиниот. Клучни беа различните гледишта на нештата, различните ставови, потреби во животот и емотивни барања во тој момент“, заклучува таа.
Во февруари, еден месец по запросувањето, Ивона Јо се венча со саканиот Кристијан Тодоров. Таа се фотографираше облечена во бело со букет од кали, а Кристијан во раката држи извод од матичната книга на венчаните.
„Веќе не се двајца, туку едно. Тоа што Бог го споил заедно, никој човек да не го раздели“, напиша пејачката тогаш.


