Со рурално кино фестивалот ЕХО патува на Шар Планина
Фестивалот на планински филм ЕХО во соработка со Македонското еколошко друштво и Центарот за едукација и развој на 20 и 21 септември ќе ги одбележи Европските денови на зелениот појас на Шар Планина со рурално кино и локална храна.
Препорачано
Иницијативата за Европскиот зелен појас бележи 10 години и поврзува 3.272 заштитени подрачја од кои 40 прекугранични национални паркови во 24 земји долж 12.500 километри.
Годинава ЕХО ги одбележува овие денови со рурално кино во Вратница и во Теарце. На програмата се филмовите „Гранична, загрозена пастрмка Оланга“ на Алис Вајтхаус (Обединето Кралство, 2024, 7 мин.), „Спасување на критично загрозениот балкански рис“ на Македонското еколошко друштво, „Следна е Сагармата“ на Мартин Ивар Едстром (Шведска, 2023, 12 мин.), „Поврзување на летови“ на Николас Бриксл (Германија, 2023, 19 мин.), „Патиштата на хероите“ на Ана Константиновиќ (Србија, 2023, 42 мин.) и „Прва македонска трансверзала“ на Горан Вукиќ и Кирил Шентевски (Македонија, 2015).


