Со пристигање на вакцините на „Синофарм” од следната недела почнува масовна имунизација

Надлежните уверуваат дека процесот на имунизација се спроведува добро во сите градови, но дека и понатаму ќе продолжи на истиот начин.

Со пристигање на вкупно 200.000 вакцини на „Синофарм”, по велигденските празници и официјално ќе започне масовна имунизација на населението. Досега се вакцинирани вкупно 60 000 граѓани, а надлежните најавуваат дека од следната недела дневно ќе се вакцинираат по 10 000 граѓани, без да се создаваат гужви.

Надлежните уверуваат дека процесот на имунизација се спроведува добро во сите градови, но дека и понатаму ќе продолжи на истиот начин.

Се се спроведува во најдобар ред, и правилно се распределуваат вакцините согласно стратегијата – најголем дел за повозрасните граѓани и еден дел помал за вработените во критичната инфраструктура, беше дециден вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Вакцините „Синофарм” беа купени во директните преговори со производителот, а во државата пристигнаа изутрина во 5 часот.

За во понеделник е најавено овие вакцини да бидат дистрибуирани и во Тетово, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола и Охрид, согласно бројот на пријавени граѓани.

Министерот смета дека овој систем ќе овозможи од вторник дневно да се вакцинираат над 10.000 граѓани, и како што потенцира, воопшто да нема никави гужви.

Досега вкупно се вакцинирани околу 60.000 граѓани, а во таа бројка се и постарите лица над 70 години и вработените  во критичната инфраструктура.

-Според нашите пресметки нешто под 20 проценти, околу  18 проценти  се вакцинирани лицата над 70 години од вкупната  бројка на граѓани над 70 години во земјава, рече Филипче, посочувајќи дека има сосема доволно простор за да не се прават гужви во период на вакцинирањето, и дека се чека на одредено растојание.

Тој посочи оти верува дека во текот на мај силно ќе бидат видливи апелите и кампањите за граѓаните да аплицираат за вакцинација.

Инаку, на инфективните одделенија во земјава се лекуваат вкупно 722 пациентa и има слободни кревети.

Во КОВИД-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 48 пациенти, а вкупно се лекуваaт 515 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Според извештајот на Министерството за здравство, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1237 и има околу 670 празни болнички кревети во КОВИД-центрите.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 433 случаи на Ковид-19, од направени 2.453 тестирања. Оздравени се 641 пациент, а починаа 46 лица.

Досега во земјата се направени вкупно 718.626 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 152.002. Бројката на оздравени пациенти е 132.171, на починати 4.818, и има 15.013 активни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот