Со овие трикови лесно ќе се ослободите од непријатниот мирис по подготовката на рибата
Иако рибата е популарно јадење, нејзиниот мирис често останува подолго отколку што би сакале, и во собите и на садовите, но и на рацете. За среќа, постојат неколку едноставни трикови кои ќе ви го олеснат чистењето и освежувањето на просторот, како и отстранување на мирисите од вашите раце и садови.
Препорачано
Ако рибата стои подолго време во садот во кој е подготвена, доволно е во неа да сварите црн чај. Мирисот ќе исчезне како никогаш да не бил таму.
Исто така, при подготовка на риба, можете да додадете неколку капки сок од лимон во маслото во кое се пржи или пече. Садот во кој ќе ја чувате рибата до послужување истријте го со половина лимон, што ќе помогне да се неутрализира мирисот.
Талогот од црно кафе е ефикасно решение за отстранување на мирисот од рацете. Едноставно тријте ги рацете со него и потоа измијте ги со сапун.
Додека ја подготвувате рибата отворете ги прозорците за да може воздухот да циркулира, а можете да направите и природен освежувач на просторијата. Зовријте вода со кора од лимон, а кога ќе се олади, истурете ја во шише со распрскувач и употребете ја како освежувач на воздухот.
Можете да ставите и малку оцет во сад и да го оставите на масата некое време. Непријатниот мирис брзо и ефикасно ќе исчезне.


