Христијан Мицкоски / Фото: принтскрин

Новиот закон за високо образование создава услови младите да останат тука, вели Мицкоски

Премиерот вели дека за него е најважно тоа што со новото законско решение „се создаваат услови младите да останат во земјата и тука да го градат својот професионален и животен пат“.

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната расправа за Законот на високо образование во Владата рече дека образованието во Македонија со години трпело експерименти кои оставиле сериозни последици врз квалитетот и дека измените што ги предлага Владата се „повеќе од потребни“.

За Мицкоски е најважно тоа што, како што рече, со новото законско решение „се создаваат услови младите да останат во земјата и тука да го градат својот професионален и животен пат“.

„За мене е особено важно што Законот за високо образование создава услови младите да останат тука и да го градат својот професионален и животен пат во сопствената татковина. За првпат, студентите кои со стипендија од државата студираат на најдобрите 100 светски универзитети, како и најдобрите студенти добитници на инженерски прстен или прогласени за најдобри на своите универзитети ќе имаат предност при вработување на државните универзитети. Воведуваме и нов модел на финансирање на високообразовните установи – дел ќе бидат насочени кон развој, а дел ќе зависат од резултатите“, рече премиерот.

Предлог-измените на Законот за високо образование предизвикаа остри реакции во дел од академската заедница и од опозицијата, кои предупредуваат дека со ова се нарушува автономијата на универзитетите и се отвора простор за зголемено влијание на власта во високото образование.

Мицкоски денес додаде дека овој закон не се носел зад затворени врати, туку дека била водена широка дебата на која биле слушнати сите универзитети, експертите и студентите и според него ова е заедничко решение кое верува дека ќе даде резултати.

„Ова не е закон на една Влада, туку закон на иднината на државата. Закон кој треба да донесе квалитет, стабилност и перспектива. Да престанеме со експерименти и да почнеме со системски решенија. Ако продолжиме да функционираме на овој начин, ќе ги изгубиме младите. Мора да понудиме квалитет ако сакаме да имаме генерации коишто утре ќе ја водат оваа држава“, рече Мицкоски.

„Кога се прават погрешни чекори, последиците ги чувствуваат генерации“, рече Мицкоски.

ФОП за финалната верзија на законот за високо образование: „Консултациите беа театар во кој студентите и професорите беа статисти“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот